Дома Фудбал Трагедија: Се преврте автобус полн со млади фудбалери, има загинати🎥

Трагедија: Се преврте автобус полн со млади фудбалери, има загинати🎥

Фудбалскиот клуб Вила Марија Хелена од Бразил го погоди страшна трагедија откако автобус полн со млади фудбалери на овој клуб се преврте во провалија од десет метри.

Според информациите кои ги објави бразилски „Глобо“, во оваа несреќа загинале најмалку четири лица.

Телата се уште не се идентификувани, но се знае дека во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале возачот, членови на стручниот штаб и фудбалери на возраст од 14 до 17 години.

Тимот се враќал од турнирот во градот Убапоранж и превезувал млади фудбалери во градот Дјук де Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…