Дома Топ вести Трагедија: Навивач на Ривер Плата загина при пад од трибина🎥

Трагедија: Навивач на Ривер Плата загина при пад од трибина🎥

Мечот од аргентинскиот шампионат помеѓу Ривер Плата и Дефенса и Јустиција беше прекинат по 25 минути игра по голема трагедија откако еден навивач падна од највисоката трибина и го загуби животот.

Навивачот на Ривер Плата скокнал од една од највисоките трибини на „Монументал“ и се здобил со крварење и тешки телесни повреди, по што лекарските служби многу брзо утврдиле смрт.

Судијата Фернандо Рапалини веднaш го прекинал мечот, а славниот стадион „Монументал“ беше затворен на 24 часа додека трае истрагата како се случил трагичниот чин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…