Дома Фудбал Останато Трагедија: Италијански скијач загина еден ден пред неговиот роденден

Трагедија: Италијански скијач загина еден ден пред неговиот роденден

Италијанскиот скијач Матео Франкозо загина за време на тренинг во Чиле на 25 годишна возраст, соопшти Италијанската федерација за зимски спортови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франкозо претрпел сериозна повреда на главата во саботата и оттогаш бил на лекување во болница во Сантијаго, се наведува во соопштението.

Федерацијата наведе дека била информирана за смртта на скијачот од медицинските службеници во Чиле и дека Франкозо не ја преживеал повредата на черепот која довела до оток на мозокот.

Франкозо победил во супервелеслаломот на Европскиот куп во 2021 година. Во трките на Светскиот куп никогаш не бил меѓу 20-те најдобри скијачи.

„Ова е трагедија за неговото семејство и за нашиот спорт”, изјави претседателот на Федерацијата Флавио Рода, потсетувајќи на смртта на 20-годишната скијачка Матилде Лоренци пред помалку од една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …