Дома Останати Ракомет Трагедија го потресе српскиот спорт, почина поранешeн ракометар на Партизан и Црвена звезда

Трагедија го потресе српскиот спорт, почина поранешeн ракометар на Партизан и Црвена звезда

Никола Лазиќ, поранешен ракометар на Партизан, ненадејно почина.

Црно-белите се простија од него со кратка порака:

„Ракометниот клуб Партизан упатува последен поздрав до својот поранешен играч Никола Лазиќ.

Веста за неговата прерана смрт не’ затече и потресе, разбудувајќи спомени на деновите кога како 18-годишен го облече црно-белиот дрес.

Клубот изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски“, беше наведено во опроштајната порака на црно-белите.

Не е познато што доведе до трагичната смрт на играчот роден на 19 јули 1989 година.

Лазиќ во кариерата меѓу другото играше и за Црвена звезда, Гранољерс, Вилја Арнада, унгарскиот Балмажујвароши, Баја Маре и Сату Маре од Романија, додека во Либија го носеше дресот на Итихад, а во Тунис на Ел Масерем Махидија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…