Дома Фудбал Топчиите ја губат титулата, а поради изјавата на Салиба ниту еден соиграч нема да заспие

Топчиите ја губат титулата, а поради изјавата на Салиба ниту еден соиграч нема да заспие

Одбранбениот играч на Арсенал, Вилијам Салиба, одлучи јавно да прозбори за ситуацијата во тимот во моментот кога се води жестока борба со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, при што неговата порака до соиграчите беше директна, емотивна и без имало задршка.

Арсенал има можност со победа над Њукасл Јунајтед повторно да се врати на врвот на табелата, но формата на тимот во последно време не влева многу оптимизам бидејќи во последните шест натпревари забележаа само една победа, што дополнително го зголемува притисокот на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во таква ситуација, Салиба реши да преземе одговорност и јасно да укаже што е потребно за сезоната да заврши на посакуваниот начин, истакнувајќи дека повеќе нема простор за пресметки и дека сите во клубот мораат да го дадат максимумот.

“Мораме да бидеме смирени, но и да се бориме на теренот,” рече тој во интервју за Men in Blazers, јасно посочувајќи колку е вложено во завршницата на првенството.

“Сега е тој момент. Мораме да тргнеме. Ни требаат сите – навивачите, тимот, стручниот штаб, сите. Мораме да го направиме тоа сега,” порача францускиот репрезентативец.

Тој истакна и колку би било доцна да се реагира по завршувањето на сезоната.

“Кога ќе заврши сезоната, ќе биде доцна. Мораме да го дадеме сето наше и да се бориме на теренот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комо нема да му го попречува патот кон среќата – Фабрегас се враќа во Англија?

Талентираниот шпански тренер Сеск Фабрегас би можел наскоро да се врати во Челси откако пр…