Дома Останати Тенис Тони Надал го отпиша Ѓоковиќ: Тешко ми е да замислам дека ќе…

Тони Надал го отпиша Ѓоковиќ: Тешко ми е да замислам дека ќе…

Шансите на Новак Ѓоковиќ да стигне до историскиот, 25. Гренд слем наслов стануваат помали со секоја година што поминува – смета Тони Надал, чичко и поранешен тренер на Рафаел Надал!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интервју за шпанска „Мундо Депортиво“, Тони искрено призна дека му е тешко да замисли сценарио каде Новак успева да ги надмине и Алкараз и Синер на патот до новиот трофеј.

Како аргумент против шансите на Новак, Шпанецот го наведе примерот од минатото Австралиско Отворено првенство:

– Тешко ми е да замислам дека ќе освои уште еден Гренд слем. Го победи Синер во Австралија, но не и Алкараз во финалето. Мислам дека Синер не го имаше најдобриот настап тој ден; не одржа одличен турнир. Ѓоковиќ, кој е исклучителен, знаеше како да го искористи тоа. Во финалето одигра неверојатен прв сет, но не може да го одржи тој ритам два часа против Алкараз – смета Тони Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи…