Дома Фудбал Тоа може само Мурињо: Еден телефонски повик беше доволен, се подготвува неочекуван трансфер

Тоа може само Мурињо: Еден телефонски повик беше доволен, се подготвува неочекуван трансфер

Португалецот Жозе Мурињо на почетокот на оваа сезона седна на тренерската клупа на Бенфика, откако ја напушти екипата на турскиот Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со популарните „Орли“ од Лисабон, Мурињо потпиша двегодишен договор.

Како што обично е случајот, каде и да оди Мурињо, тоа не може да не помине без некои изненадувачки потези.

Овој пат Португалецот одлучи да го раздвижи трансфер пазарот во јануари.

Португалските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо стапил во контакт со Пауло Дибала и го замолил да дојде во таборот на Бенфика.

Аргентинецот е член на Рома со која има договор до летото 2026 година.

Сепак, Мурињо не сака да чека и наводно им рекол на челниците на Бенфика да подготват одредена сума за Рома веќе во јануари за Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eве како денес изгледа виралниот навивач на Манчестер јунајтед, драстично го промени имиџот (Видео)

Најпознатиот навивач на Манчестер Јунајтед, Френк Илет, несомнено со нетрпение го очекува …