Дома Кошарка Toa e Леброн: По неговата мистериозна објава билетите на Лејкерс станаа седум пати поскапи!

Toa e Леброн: По неговата мистериозна објава билетите на Лејкерс станаа седум пати поскапи!

Мистериозната најава која Леброн Џејмс ја направи преку социјалните мрежи, означена како „Втората одлука”, ги направи билетите за натпреварите на Лејкерс значително поскапи.

Според извештаите на ЕСПН, пред оваа објава на Џејмс, најевтината влезница за натпревар кој ќе се игра во април следната година чинеше 82 долари.

По објавата, цените драматично се зголемија, така што една карта сега изнесува дури 580 долари.

Доколку некој сака да купи две влезници за натпреварот на 12 април, кога Лејкерс го пречекуваат Јута, најевтината цена на билетите започнува од 760 долари.

Според ESPN, зголемувањето на цените на билетите главно се должи на шпекулациите дека претстојната сезона би можела да биде последната во неверојатната кариера на Џејмс.

Да потсетиме, Леброн се подготвува за својата рекордна 23-та сезона во НБА лигата, а последните осум години е дел од Лејкерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…