Дома Останати Тенис Toчно 100 недели повеќе: Денеска добивме уште еден доказ за доминацијата на Ѓоковиќ

Toчно 100 недели повеќе: Денеска добивме уште еден доказ за доминацијата на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ настапот на Австралија Опен го заврши во полуфиналето и не успеа да ја одбрани титулата, сепак и понатаму е лидер на АТП листата.

Загуби Новак 1.200 бодови, па така предноста во однос на неговите најблиски конкуренти Карлос Алкараз и Данил Медведев е прилично намалена. Разликата помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз сега е 600 бодови, Новак има 9.855, Шпанецот 9.255, тука е и Медведев со 8.765.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На врвот на АТП Ѓоковиќ денес ја започнува 410. недела и така дојде до точно 100 повеќе од Федерер кој во кариерата помина 310 недели како прв тенисер во светот.

На листата зад Ѓоковиќ и Федерер следуваат: Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270, Џими Конорс со 268, Рафаел Надал со 2019 и Џон Мекинро со 170.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…