Франческо Тоти е многу блиску до враќање во Рома и тоа во улога на потпретседател или технички директор.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека контактите помеѓу легендата на Рома и извршниот директор Гвида Фиенге.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рома во август ја промени сопственичката структура и така се отвори можност Тоти кој беше во конфликт со претходното раководство да се врати. Тоти кариерата ја заврши откако му истече договорот на 40 години бидејќи тогашниот претседател Џејмс Палота не сакаше да му даде договор.
Потоа легендата на Рим доби работа во клубот меѓутоа конфликтот продолжи, па во 2019 година Тоти целосно ја напушти Рома и нагласи дека би се вратил само ако се променат сопствениците.
Сега тој услов е исполнет и веројатно навивачите повторно ќе го гледаат Тоти во клубот.