Дома Останати Кошарка НБА Toронто после голема драма во две продолженија намали на 2:1 против Милвоки (ВИДЕО)

Toронто после голема драма во две продолженија намали на 2:1 против Милвоки (ВИДЕО)

Вистинска драма беше видена вчера во третиот натпревар од финалето на источната конференција во НБА лигата. Торонто после две продолженија го победи Милвоки со резултат 118:112 и така го намалија водството на Бакси во серијата на 2:1

Поведоа рапторси на самото отварање со 13:5 и покажаа дека имаат желба да се прикажат подобро светло отколку во првите два натпревари. Првата четвртина беше завршена со резултат 30:21 за домаќинот и изгледаше дека Рапторси ќе стигнат до сигурна победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Разликата од десетина поени ја одржуваа во текот на целото прво полувреме, на полувреме се замина со 58:51 за домаќините.

Но, упорните Бакси се вратија во третата четвртина и иако одбраната на Рапторси го неутрализираа напаѓачкиот учинок на најголемата ѕвезда на Бакси, Јанис Антетокумпо кој натпреварот го заврши со 12 поени, останатите кошаркари пред Џорџ Хил и Малком Брогдон на себе превеземаа поголема одговорност.

И покрај се Рапторси имаа голема шанса за победа во регуларниот дел, но на седум секунди пред крајот на продолжението при резултат 96:94 за Рапторс, Паскал Сиакам промаши две слободни фрлања, па во следниот напад Миделтон донесе продолженија за Милвоки.

Ниту во првото продолжение не беше се решено, иако Рапторси одново имаа прилика се да решат, но шутот на Леонард беше прекраток.

Сепак, во второто продолжување Леонард покажа зошто е најдоминантниот играч во овогодинешниот плејоф и донесе победа за Рапторс. Натпреварот го заврши со 36 поени и 9 скокови, а Сиакам додаде 25 поени.

Антетокумпо имаше само 12 поени, но додаде дури 23 скока. Џорџ Хил постигна 24 поени, а Брогдон додаде 20 за Бакси. Четвртиот натпревар се игра кај Рапторси.

https://www.youtube.com/watch?v=T_8FVPaL_EE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Балканска доминација во НБА: Познати имињата на тројцата кандидати за МВП наградата

НБА лигата ги објави имињата на тројцат кандидати за МВП во регуларниот дел од сезоната. П…