Дома Фудбал Тибо Куртоа се врати во неговиот Генк

Тибо Куртоа се врати во неговиот Генк

Тибо Куртоа се врати таму каде што сè за него започна – во Генк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преку платформата NXTPLAY која се занимава со вложување во спорт, медиуми и технологија и каде што тој е кофинансиер, Тибо Куртоа официјално изврши голема инвестиција во неговиот прв клуб.

Одлуката беше официјално прифатена на Собранието кое се одржа во понеделник.

Ова е првата инвестиција откако Фудбалскиот клуб Генк беше издвоен од спортското друштво порано оваа година. Промените беа направени токму со цел да се овозможат инвестиции од овој тип и за клубот да стане поконкурентен на меѓународниот пазар.

„Цел мој живот стремев кон извонредност, и тоа го препознавам и во Генк – истата амбиција и жар. Оваа инвестиција навистина ми дава чувство на враќање дома. Со овој начин сакам да му помогнам на клубот да се развие и да ги оствари своите спортски амбиции“, изјави Куртоа.

Улогата на NXTPLAY платформата во Генк нема да остане само на финансиската инвестиција, туку клубот ќе биде предводник на самата платформа на меѓународно ниво. Преку комерцијална промоција до меѓународно брендирање и поддршка за врвните спортисти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teнзии во Швајцарија: Соиграчи биле бесни на Џака? Ова може да е голема шанса за БиХ!

Пред средбата со Босна и Херцеговина, во таборот на Швајцарија се зголемуваат тензиите пор…