
Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 со сериозно скратен ростер ќе му гостува на Монпелје во првиот четвртфинален дуел од Европската лига на ЕХФ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвено-црните“ ќе бидат ставени на тежок испит, бидејќи на ова гостување ќе настапат без двајцата клучни бекови сезонава. Дмитро Хориха и Јака Малус не отпатуваа со тимот – Украинецот се соочува со вирус и не е подготвен за настап, додека Малус заработи повреда на мечот против Алкалоид.
Од таборот на Вардар сепак остануваат оптимисти дека двајцата ќе закрепнат навреме и ќе бидат во комбинација за реваншот во Скопје, закажан за петти мај.
