Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Њујорк со 118:145 и го забележаа четвртиот пораз во последните шест натпревари во НБА лигата.
Не само што беа поразени Нагетсиеа и понижени на домашен терен, а во преостанатиот дел од сезоната ќе мора сериозно да работат на ангажман на двата краја од теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ниту Никола Јокиќ не се прослави, бидејќи одигра „само“ 31 минута на теренот, постигнувајќи 22 поени, со седум скока и асистенции.
Тој излезе од игра откако доби удар по телото, иако веќе беше јасно дека Денвер нема апсолутно никакви шанси против разиграните Никси на овој натпревар.
Најефикасни во тимот на Денвер беа Расел Вестбрук со 27 поени, додека Џамал Мареј мечот го заврши со 20 поени, со седум асистенции.
Во тимот на Њујорк најефикасни беа Оги Ануноби со 40 поени, Карл-Ентони Таунс со 30 поени и 15 скока и Џејлен Бренсон со 23 поени и 17 асистенции.
Денвер има девет победи и седум порази, додека Њујорк е 10-7.