Дома Фудбал Teшки критики за Хрватот: Си замина најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата

Teшки критики за Хрватот: Си замина најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата

Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон. Хрватскиот стратег го напушти клубот откако официјално испадна од Премиер лигата уште во 31-то коло, и тоа со најлош учинок во историјата на лигата. Јуриќ ја активираше клаузулата од договорот со која може да си замине, пренесува Фабрицио Романо, ден по потврдата за враќање на тимот во Чемпионшип.

На Јуриќ му беа доволни само 108 дена на клупата за да влезе во историјата како најлошиот тренер на Премиер лигата досега, пишува As во текстот со наслов “Заминување на најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата”. Освои само 4 бода во 14 натпревари, што е просек од 0,29 бода по натпревар. Ниту еден друг тренер кој водел клуб најмалку десет кола во ерата на Премиер лигата нема полош просек, покажуваат податоците од статистиката на Opta.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


As дополнително го анализира учинокот на Јуриќ: “Претходниот неславен рекорд го држеше Тери Конор, поранешен тренер на Вулверхемптон, кој во сезоната 2011/12 имаше просек од 0,31 бода по натпревар. Саутемптон официјално го потврди заминувањето на хрватскиот тренер, а остатокот од сезоната тимот ќе го води Сајмон Руск, досегашниот помошен тренер. Негов помошник ќе биде легендарниот англиски фудбалер за врска Адам Лалана, кој сè уште е активен играч на Саутемптон.”

Јуриќ на 26 декември 2024 го наследи Расел Мартин по катастрофалниот почеток на сезоната 2024/25, но резултатите под негово водство се покажаа уште полоши. Во 14 натпревари на Премиер лигата, хрватскиот стратег освои само четири бода, што е помалку дури и од петте бода на Мартин.

Гледајќи го просекот, Јуриќ освојуваше само 0,29 бода по натпревар, додека Мартин имаше малку подобар просек од 0,31. Мартин претходно го изедначи неславниот рекорд на Тери Конор како најлош тренер на Премиер лигата по бројот на бодови по натпревар (меѓу оние кои воделе најмалку 10 натпревари), но Јуриќ со својот учинок го собори и тој поразителен рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…