Мбапе и Меси обезбедија победа за ПСЖ во дербито со Марсеј, но во овој натпревар „светците“ останаа без важен играч до крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Францускиот репрезентативец, Персенл Кипембе заработи повреда поради која ќе отсуствува најмалку пет месеци, а тоа значи и крај на сезоната. Дефанзивецот ја повреди ахиловата тетива, повреда поради која претходно Италијанецот, Спинацола паузираше и цела година.
Информацијата на прес-конференцијата ја потврди тренерот Галтие. Повредата на Кипембе доаѓа по повредата на Нејмар кој сигурно нема да биде спремен за реваншот против Баерн во Лигата на шампионите на 8-ми март.
Ќе потсетиме, ПСЖ во првиот натпревар загуби со 1:0.