Дома Фудбал Taжна вест од Островот: Поранешен фудбалер на Арсенал почина на 21 година

Taжна вест од Островот: Поранешен фудбалер на Арсенал почина на 21 година

Младиот фудбалер Били Вигар, некогашен член на младинската академија на Арсенал и играч на англискиот Чичестер Сити, почина во четвртокот на 21 година по сериозна повреда на главата за време на натпреварот минатиот викенд.

Во натпреварот против Финчли, дел од Истмиан Лигата – Премиер Дивизија (седма лига на англискиот фудбал), Вигар ја удрил главата во бетонски ѕид. По несреќата, беше ставен во индуцирана кома, а во вторникот му беше изведена операција за да се подобрат шансите за негово закрепнување. Сепак, и покрај сите напори на лекарите, младиот фудбалер почина во четврток наутро.

“По тешката повреда на мозокот, Били беше во индуцирана кома. Во вторник имал операција која даде одредени резултати, но повредата беше преголема и го изгубивме”, се огласи семејството на Вигар.

Били пристигна во Арсенал на 14 години и седум години играше за младинските категории на лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…