Дома Фудбал Taткото на избрканиот тренер од Челси е апсолутен рекордер – добил отказ по десет минути!

Taткото на избрканиот тренер од Челси е апсолутен рекордер – добил отказ по десет минути!

Лиам Росениор го заврши неславно краткиот мандат како тренер на Челзи, но тоа е далеку од краткиот период на неговиот татко Лерој, кој држи рекорд во англискиот фудбал за најкраток мандат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Росениор загуби пет последователни натпревари на клупата на Челзи и доби отказ по 23 натпревара на „Стенфорд Бриџ“, односно само по три месеци на работа.

Сепак, неговиот мандат не е ни одблизу како оној на неговиот татко Лерој Росениор.

Во мај 2007 година, Лерој Росениор постави рекорд во англискиот фудбал. Нејверојатно, но фактички, неговиот мандат на клупата траеше само 10 минути пред да биде отпуштен.

Лерој беше поставен како нов менаџер на Торки Јунајтед на 17 мај 2007 година. На неговата позиција остана само 10 минути.

Росениор беше претставен на конференција за медиуми. Сепак, само 10 минути подоцна, новите сопственици на клубот стапија во контакт со него за да му соопштат дека го ангажирале Колин Ли како спортски директор на клубот.

Со своите овластувања Ли, само 10 минути по именувањето, реши веднаш да го отпушти Росениор, без да го запознае тимот.

Интересно е што Лерој по ова искуство не се врати во тренерските води. Тие 10 минути на клупата на Торки Јунајтед останаа последни во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ, во живо на емисијата на РТС посветена н…