Дома Останати Кошарка Таткото на Дончиќ: Лука не заслужи такво нешто!

Таткото на Дончиќ: Лука не заслужи такво нешто!

Саша Дончиќ изјави дека бил шокиран од информацијата за трејдот на неговиот син Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дончиќ сениор за словенечките медиуми пренесе како се чувствува поради шокантниот трејд.

„И јас бев изненаден, дури шокиран. Ниту јас во почетокот не верував дека е вистина, беше навистина чудно. Но, очигледно во НБА лигата навистина сè е возможно“, кажа тој.

Кога се спомена Далас и неговата одлука за трејдот, Саша Дончиќ немаше убави зборови.

„Го разбирам ставот дека некој играч не ти одговара или не се вклопува во екипата. Сето тоа е во ред. Но, тоа прикривање, би рекол од одредени луѓе, па дури и некој вид лицемерство – тоа ме боли. Лука не го заслужи ова. Тој даде многу за овој клуб“, посочи таткото на кошаркарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…