Саша Дончиќ изјави дека бил шокиран од информацијата за трејдот на неговиот син Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дончиќ сениор за словенечките медиуми пренесе како се чувствува поради шокантниот трејд.
„И јас бев изненаден, дури шокиран. Ниту јас во почетокот не верував дека е вистина, беше навистина чудно. Но, очигледно во НБА лигата навистина сè е возможно“, кажа тој.
Кога се спомена Далас и неговата одлука за трејдот, Саша Дончиќ немаше убави зборови.
„Го разбирам ставот дека некој играч не ти одговара или не се вклопува во екипата. Сето тоа е во ред. Но, тоа прикривање, би рекол од одредени луѓе, па дури и некој вид лицемерство – тоа ме боли. Лука не го заслужи ова. Тој даде многу за овој клуб“, посочи таткото на кошаркарот.