Германскиот тренер Патрик Мостер е избркан од Олимписките игри од страна на Олимпискиот комитет затоа што навредувал на расна основа. Овој инцидент се случил за време на велосипедската трка во моментите кога Мостер давал поддршка за својот спортист, Никиас Арнт. Пред крајот на трката пред Арнт биле двајца велосипедисти, еден бил Алжирец и тоа било повод Мостер да го навреди. …