Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг беше задоволен од изданието на своите фудбалери по тесната победа против Копенхаген од 1:0. Јунајтед минимално го совлада данскиот претставник, а херој беше Хари Мегваер кој го постигна победничкиот гол во 72. минута, како и голманот Андре Онана кој одбрани пенал во седмата минута од судиското продолжение. „Црвените ѓаволи“ се во голема криза, …