Македонија вчера го победи Гибралтар со убедливи 4:0, „рисовите“ со оглед на шансите можеа да слават и поубедливо, а овој натпревар сигурно долго ќе го паметат дебитантите во националниот дрес. Против Гибралтар за првпат националниот дрес на „А“ селекцијата го облекоа Валон Етеми, Томче Гроздановски, Енис Фазлагиќ и Бојан Димоски. Сите четворица шанса од селекторот Милевски добија во второто полувреме. …