Македонскиот прволигаш Македонија ЃП се разделу со досегашниот тренер Горан Симов. Раководството на клубот денес информираше дека спогодбено го раскинале договорот. Симов дојде во март 2023 година на местото на Муарем Бајрами и успеа да го освои Купот на Македонија. Но лошите резултати во новата сезона се причина за предвремен раскин на соработката.