Жоао Переира повеќе не е тренер на фудбалерите на Спортинг, објави утрово клубот од Лисабон. Спортинг на социјалните мрежи објави дека ја раскинал соработката со Переира, кој имаше договор со клубот од Лисабон до јуни 2027 година. Переира беше именуван за шеф на стручниот штаб на Спортинг на 11 ноември, а претходно беше тренер на резервниот тим на лисабонскиот клуб. …