Јана Атанасовска денес оствари историски резултат за македонското женско скијање. Младата македонска скијачка Атанасовска оствари најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање и тоа во својата деби сезона во сениорска конкуренција. Таа на ФИС трката во слалом во Словенија освои одлични 75,95 точки. Во Рогла Атанасовска заврши како 17-то пласирана со заостанување од 5.66 секунди зад победничката.