Дефанзивецот на Специја, Јакуб Кифор ќе ја продолжи кариерата во Милан, пренесуваат полските медиуми. Медиумот открива дека Милан ја победил конкуренцијата и постигнал договор со дефанзивецот, само нема информација дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето. 22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А и покажа дека е огромен потенцијал. …