Македонската репрезентација до 17 години денеска ги започнува подготовките за квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за пласман на ЕП. Турнирот ќе биде одигран во Република Ирска во периодот од 7. до 13. октомври, а покрај нашата селекција учествуваат домаќинот, Република Ирска, Полска и Андора. Првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против Полска на 7. октомври, …