Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е блиску до договор со Ал Наср, а во клубот од Саудиска Арабија треба да заработува 200 милиони евра по сезона, објави утрово шпанскиот спортски весник „Марка“. „Роналдо е блиску до договор со Ал Наср. Тој во овој клуб ќе заработува 200 милиони евра по сезона, а во договорот ќе биде ставена и клаузула за рекламирање. …