Капитен на одбојкарската репрезентација на Македонија Николка Ѓоргиев освои нова титула во кариерата. Во драматичен натпревар во Купот на Словенија се радуваше на победа од 3-2 (24-26, 25-22, 25-23, 22-25 и 15-10) против Калцит Камник. Ѓоргиев во финалето забележа 27 поени, два блокади и две асистенции и беше прогласен за МВП на натпреварот.