Во дербито на вечерта вчера Милан беше поразен од Челзи на „Сан Сиро“, а најмногу што се коментира после овој натпревар е судењето на главниот судија Даниел Зиберт. Натпреварот комплетно се промени од таа 18. минута кога Германецот покажа на белата точка и го исклучи Томори. По натпреварот на ваквата одлука се жалеше играчот за врска на Милан Сандро Тонали. …