Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари. Никола Вучевиќ и Лука Дончиќ во балканскиот дуел имаа вистинска револверска пресметка. На крајот гостите славеа со 124:130. Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Вучевиќ на другата страна постигна 29 поени. Нова фантастична вечер имаше и Никола Јокиќ кој со својот Денвер го сруши Чикаго …