Непријатни сцени беа забележани во Бугарија каде што хулигани го прекинаа натпреварот помеѓу ЦСКА Софија и ЦСКА 1948 во завршницата. Прво еден од хулиганите на теренот влезе со палка и ги бркаше гостите кои веднаш тргнаа кон соблекувалната. Веднаш потоа втрчаа и останатите, па судијата го прекина натпреварот. Целиот хаос траеше околу 15 минути.