Крилниот напаѓач Атхе Мазари е нов фудбалер на Работнички. Тој потпиша двегодишен договор со нашиот клуб и му се приклучува на тимот на Милан Илиевски. Мазари доаѓа од редовите на Победа и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од составот. Офанзивецот во првиот дел од сезоната одигра 16 натпревари во дресот на Победа и постигна четири гола.