Фудбалерот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд ги договори условите за соработка со Реал Мадрид и ќе го засили шпанскиот клуб летово како слободен играч, дознава „Скај Спортс“. Медиумите долго време шпекулираа каде ќе ја продолжи кариерата десниот бек. Неговиот актуелен договор со Ливерпул истекува на лето, а од јануари има право да договори и потпише договор со кој било друг тим. …