Натпреварот помеѓу Рома и Лестер во полуфиналето од Лигата на конференции се покажа како многу емотивен за еден човек – Клаудио Раниери. 70-годишниот тренер има легендарен статус во двата клуба, па синоќа на „Олимпико“ им даваше поддршка на полуфиналистите. Во еден момент Раниери беше поздравен од сите навивачи на „Олимпико“, му аплаудираше цел стадион, а тој едвај ги задржа солзите. …