Маркус Рашфорд вчера одигра фантастичен натпревар и постигна еден гол во победата над Кардиф. Рашфорд го привлече вниманието на медиумите после мечот кога ја покажа тетоважата на стомакот. Истетовирано е дете кое пред куќата игра со топка. Англиските медиуми тврдат дека тетоважата го открива токму Рашфорд кој се потсетува на своето детство.