Битолски Еурофарм Пелистер потпиша перманентен договор со Денис Василев, руски репрезентативец и еден од најреспектабилните кружни напаѓачи на контитентот. 28-годишниот Василев доаѓа во Битола на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој се обврза на двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година. 196-сантиметри високиот и 95-килограми тешкиот Василев …