Пред неколку дена Конор Мекгрегор среде Москва најави враќање во октагон, а потоа во свој стил испрати порака до Кабиб Нурмагомедов со која му побара реванш.
Омраза каква што има помеѓу Конор и Кабиб ретко се гледа во боречките спортови, па и јавноста сака да го види реваншот на овие двајца.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега таткото на Кабиб кој воедно му е и тренер, Абудламанап ги постави условите за борба со Кабиб.
„Конор го чека тешка борба со Ислам Макачев кој уништи се на својот пат и целта му е да дојде до титулата. Верувајте ми на Конор ќе му биде тешко да се врати во трката. Теоретски тој меч би можел да биде одржан и тоа само ако двата борци кои имаат право да го предизвикаат Кабиб за шампионскиот појас одбијат да дојдат во Русија. Тоа е единствената опција“, изјави Абдуламанап.
Што мисли за однесувањето на Мекгрегор.
„Конор повторно се глупираше, правеше шоу, изигравеше кловн. Тоа не е ништо ново од него. Па во последните три ипол години никого не победил. Само зборува и зборува и ништо не прави. Целосно е надвор од форма и сигурен сум дека ќе доживее бламажа од секој малку подобар борец“, смета таткото на Кабиб.