Дома Македонски спорт Мак фудбал Taжна вест: Почина eден од најлегендарните тренери во македонската кошарка

Taжна вест: Почина eден од најлегендарните тренери во македонската кошарка

На 77-годишна возраст утрово почина поранешниот македонски кошаркар и тренер на МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски.

По завршувањето на кариерата како играч Луковски ги водеше Борец од Велес, а потоа стана тренер на КК Работнички, клубот каде што помина најмногу време како играч. Работнички успеа двапати да го внесе во првата А лига на Југославија и еднаш до финалето на Купот на Југославија.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Во тоа финале кое се играше во 1983 година, Работнички беше поразен од Цибона. Во периодот од 1982 1986 работеше и како селектор на Југославија на јунирската, кадетската и селекцијата до 21 година, а со тоа имаше прилика да работи со играчи како: Дражен Петровиќ, Паспаља, Сретеновиќ, Перасовиќ…

Во 2003 година ја основа кошаркарската школа „Спорт Ки“ во Нови Сад, каде што живееше до крајот на животот. Пред неколку години ја имаше и последната обврска во македонската кошарка и тоа како советник во младинската школа на МЗТ Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал со победа против Борусија до 15. титула во ЛШ!

Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога…