Челзи вчера го победи Лил со 2:1 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и на тој начин „сините“ се изборија за пласман во следната фаза.
Тренерот на актуелните шампиони на Европа Томас Тухел со 32. победа го изедначи рекордот на Јуп Хејнкес како тренер со најмногу победи во првите 50 натпревари во историјата на најсилното клупско натпреварување. Но, после победата Тухел мораше да се соочи со суровата реалност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таа е таква што Челзи е под санкции откако на удар се најде сопственикот на клубот Роман Абрамович. ЕУ и Велика Британија воведоа санкции кон руските олигарси поради агресијата на Русија и окупацијатан а Украина, па така со проблеми се соочи и Челзи. Затоа Абрамович мораше да го стави Челзи на продажба.
На Челзи му е забрането да продава билети за четвртфиналето во Лигата на шампионите, а еден од новинарите после вчерашниот натпревар го праша Тухел како ќе играат „сините“ во следната фаза. Одговорот на Тухел беше краток.
„Ти благодарам што ми ја уништи вечерта…“, одговори германскиот стратег.