Никола Јокиќ одново одигра добар натпревар во кој постигна трипл-дабл, но сепак неговиот Денвер беше поразен од Јута со 125:102.
Натпреварот беше решен во последната четвртина кога Денвер постигна само 14 поени. Јокиќ натпреварот го заврши со 25 поени, 15 скока и 14 асистенции со што го забележа осмиот трипл-дабл оваа сезона. Со тоа Србинот се изедначи со Расел Вестбрук.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јута со овој триумфј а прекината серијата од четири порази, а до победата беше предводена од Донован Мичел (31), Бојан Богдановиќ (21) и Руди Гобер кој оствари дабл-дабл од 18 поени и 19 скока.
Голден Стејт на гостински терен доживеа пораз од Минесота со 119:99. Карл-Ентони Таунс го предводеше својот тим со 26 поени и 11 скока, додека кај гостите најефикасен беше Џордан Пул со 20 поени. Треба да се знае дека Голден Стејт играше без Стеф Кари.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Феникс 108:135
Сакраменто – Хјустон 112:118
Денвер – Јута 102:125
Минесота – Голден Стејт 119:99