Дома Останати Кошарка НБА Tрипл-дабл каков што ретко се гледа, Јокиќ одигра натпревар за паметење! 🎥

Tрипл-дабл каков што ретко се гледа, Јокиќ одигра натпревар за паметење! 🎥

Никола Јокиќ изминатата ноќ во НБА лигата одигра фантастичен натпревар предводејќи го Денвер до победа против Шарлот од 119:115.

Јокиќ успеа да запише cтрашен трипл-дабл од 40 поени, неверојатни 27 скока и 10 асистенции. Со ваквиот трипл-дабл тој стана само третиот кошаркар кој остварил двоцифрен учинок во три статистички категории, а при тоа имал најмалку 35 поени и 25 скока.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претходно такво нешто им успеало само на Вилт Чембрлен и Елџин Бејлор и тоа во далечната 1968 година кога се играла и многу поинаква кошарка.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Бостон-Орландо 92-95, Индијана -Њујорк 106-109, Детроит-Бруклин 121-124, Торонто-Голден Стејт 110-126, Минесота-Чикаго 150-126, ЛА Лејкерс-Вашингтон 119-117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…