Tренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е опседнат со фудбал тврди англискиот репрезентативец Киеран Трипие.
Трипие е играч на Атлетико од 2019 година, а овој јануари се пресели во Њукасл. Пред реваншот против Атлетико и Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите за „Би-Би-Си“ зборуваше како е да се соработува со Диего Симеоне.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бев возбуден кога потпишав со Атлетико затоа што знаев дека добивам прилика да соработувам со генијален стратег каков што е Симеоне. Тој е емотивен и опседнат со фудбал“, се потсети Трипие.
„Имаше моменти кога бев во кревет, спиев, а тој ме бараше. Тоа е нешто лудо кое никогаш претходно не сум го доживеал во животот. Ми зборуваше за работи како можам да бидам подобар. Неверојатен менаџер е и луд за фудбал. Среќен сум што имав прилика да работам со него“, изјави Трипие.
Реванш натпреварот помеѓу Јунајтед и Атлетико се игра вечерва од 21:00 часот, а претходниот натпревар помеѓу овие две екипи во Мадрид заврши без победник 1:1.