Дома Останати Кошарка Tајната на Леброн – 1.5 милион долари годишно вложување во своето тело!

Tајната на Леброн – 1.5 милион долари годишно вложување во своето тело!

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс нема намера да застане, а за да се одржува во топ форма троши и огромна количина на пари.

На сите им е јасно дека Леброн Џејмс е еден од спортистите кои водат огромна грижа за своето тело, но цифрата која годишно ја вложува е неверојатна.

Деловниот партнер на Леброн, Маверик Картер откри дека „кралот“ на својата диета, тренинзи и се останато троши неверојатни 1.5 милион долари годишно.

Џејмс покрај личен тренер и има и структурна диета и рутина до која констатно се држи. Исто така користи криотерапија што не е ни малку евтино.

Ваквото вложување и тоа како се исплати на паркетот. Џејмс е неверојатен во март просечно забележува 31.5 поен, 9.7 асистенции и 9.8 скокови по натпревар, а неговиот Кливленд е во серија од пет победи во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија го избра составот за натпреварот со Австрија!

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ги завршува последните подготовки …