Репрезентациите на Северна Ирска и Азербејџан ќе добијат нови селектори откако не успеаа да се пласираат на Европското првенство Германија.
Ирците го отпуштија селекторот Стивен Кени. Во група со Франција, Холандија, Грција и Гибралтар тој оствари сам одве победи и тоа против аутсајдерот Гибралтар и претрпе дури шест порази.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Покрај него во текот на вчерашниот ден отказ доби и Италијанецот Џани Де Бјази од клупата на Азербејџан. Арвејџан беше четврти во групата Ф со Белгија, Австрија и Шведска.
Претходно неочелкувано оставка поднесе селекторот на Чешка, Јарослав Шилхави кој со оваа селекција се пласираше на Евопското првенство. Во изјавата пред новинарите кога потврди дека заминува, Шилхави објасни дека не можел да го издржи притисокот кој му се наметнувал и покрај добрите резултати.