Дома Фудбал Tренерот на Ријека: Македонија премногу ризикуваше со Велковски

Tренерот на Ријека: Македонија премногу ризикуваше со Велковски

Tренерот на Хајдук Симон Рожман се пожали дека нашата репрезентација премногу ризикувала со Дарко Велковски.

Велковски имал проблем со повреда, но и покрај тоа играше за репрезентацијата и според Рожман тоа било преголем ризик.

„Велковски има повреда од репрезентацијата. Македонија ризикуваше со тоа што го оптерети толку и сега ние мораме да бидеме внимателни бидејќи некоја потешка повреда може да му ја загрози кариерата. Кога е репрезентацијата во прашање секако дека има предност, но јас многу внимавам на моите играчи. Направивме се за Велковски да не биде изложен на преголеми напори, меѓутоа не се прашуваме ние“, изјави Рожман за хрватските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наумовски го запре Силекс, Скопје ја прекина низата порази

Скопје извлече 0-0 против Силекс во Автокоманда и остана во потрага по првата победа. Крат…