Англискиот напаѓач, Енди Керол во средината на септември потпиша за Бордо кој поради банкрот претходно беше исфрлен во четвртата француска лига.
Керол во Бордо игра за само 3.500 евра месечно, која е минималната плата која може да ја добие според правилата, но не е таму за парите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да бидам искрен, повеќе ме чини што играм за Бордо отколку што заработувам, но никогаш не ми било до парите во мојата кариера. Среќен сум само да играм фудбал, сакам да бидам дел од историјата на овој клуб“, вели Керол.
Бордо не тргна најдобро во новата сезона, во моментов е претпоследен на табелата, но има два меча помалку од повеќето тимови.
Керол во претходно коло му донесе реми на Бордо со два гола. Францускиот клуб губеше со 2-0, Англичанецот влезе во игра од клупата двапати погоди и израмни.