Репрезентативецот на Македонија, Тихомир Костадинов заработи тешка повреда во натпреварот на неговиот тим Пјаст Главице против Горник Леча.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Костадинов на споменатиот натпревар во игра влезе на полувремето, а во 77. Минута мораше да биде заменет поради повреди. Направените прегледи покажаа дека станува збор за скинати лигаменти па македонскиот репрезентативец сега го чека долга пауза.




Од претходно беше познато дека ќе мора да оди на операција, а откако оперативниот зафат во клиника во Барселона беше успешен Костадинов сае огласи на социјалните мрежи и порача дека се чувствува добро и започнува со процесот на рехабилитација.




Не е познато кога Костадинов ќе може да се врати, но со сигурност нема да му биде на располагање на селекторот Милевски за натпреварите во Лигата на Нации во јуни.
