Дома Боречки спортови Светски шампион загина во војната во Украина

Светски шампион загина во војната во Украина

Многубројни украински спортисти зедоа оружје во рака да ја бранат својата татковина кога Русија изврши инвазија пред повеќе од еден месец.

Неколку спортисти го загубија животот, а последен е Максим Кагал, украински кик-боксер и светски шампион во 2014 година, кој загина за време на борбите за Мариупол.

„За жал, војната го зема најдоброто од себе. Максим Кагал загина на 25 март додека го бранеше градот Мариупол како дел од специјалната единица Азов“, објави неговиот тренер, Олег Скирта.

Освен по  вештината во рингот, Кагал беше познат и по поддршпката на националистичкиот батајон „Азов“ чии симболи ги носеше и истакнуваше на себе при секоја борба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …